Утрински Весник
Свет

Вакцината на „Модерна“ 96 отсто ефикасна кај деца од 12 до 17 години

СЗО ја одобри вакцината на „Модерна“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека нејзината вакцина против коронавирус е 96 проценти ефикасна кај деца на возраст од 12 до 17 години, според резултатите од првите клинички испитувања.

Две третини од 3.235 учесници во студијата во САД примиле вакцина, а една третина плацебо.

„Студијата покажа ефикасност од 96 проценти. Вакцината mRNA-1273 е генерално добро прифатена и досега не е забележано ништо сериозно за да покрене прашања за безбедноста на вакцината“, се вели во соопштението на компанијата.

Студијата откри 12 случаи на коронавирус 14 дена по првата доза. Резултатите се базираат на следење на испитаниците во просек 35 дена по втората доза на вакцина.

Фармацевтската компанија соопшти дека несаканите ефекти биле лесни или умерени, најчесто болка на местото на инјектирање. По втората доза, несаканите ефекти вклучуваат главоболка, замор, болки во мускулите и треска, слични на оние забележани кај возрасните кои примиле вакцина.

Вакцината во моментов е одобрена само за лица над 18 години.

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање