Утрински Весник
Македонија

Вархеји: Албанија би можела да ги започне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Вархеји: Албанија би можела да ги започне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во ЕУ и да ги продолжи пристапните преговори со Албанија, вели комесарот за проширување Оливер Вархели, во интервју за Еуроњуз.

Иако понудите за преговори за членство во ЕУ отсекогаш биле заедно за двете земји, сепак би можело да дојде до измени на процесите, додава Вархеји.

„ Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за заемно согласно решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање“, рече тој.

На прашањето дали формално „раздвојување“ е опција, тој одговори: „Можеби е опција, да“.

Оваа можност за раздвојување на преговорите со двете земји Вархеји ја најави и за време на посетата на Скопје.

За разлика од Вархеји, некои земји членки на ЕУ како Германија и Австрија се против можноста да се разделат преговорите, поради бугарската блокада кон Скопје.

Можете да прочитате

Забрана за товарни возила на ГП Меџитлија

Македонија пред екстремно ладен бран – снег и температури до -20°C

Скопјанец ја натепал поранешната девојка удирајќи ја по главата и телото, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња