Утрински Весник
Спорт

Азар им се извини на навивачите на Реал, вети дека пристигнал за да освојува титули

Азар им се извини на навивачите на Реал, вети дека пристигнал за да освојува титули
Dik 300x250 mk

Еден Азар беше на цел на навивачите на Реал Мадрид по појавувањето на снимките по 2:0 поразот од Челси, каде што тој беше насмеан со своите поранешни соиграчи од Лондон, нешто што според „кралевите“ покажува дека тој не е сериозен во кариерата во Мадрид.

Очигледно критиките пристигнале до Белгиецот, кој преку „Инстаграм“ им се извини на навивачите на Реал и им вети дека пристигнал во Мадрид да се бори за големи титули.

„Се извинувам. Прочитав многу мислења за мене денеска и во ниту еден момент немав намера да ги навредам навивачите на Реал Мадрид. Секогаш сум сонувал да бидам играч на Реал Мадрид и пристигнав тука за да победувам. Сезоната уште не е завршена и сега мораме да се бориме за титулата во Ла Лига. Hala Madrid“, напиша Азар.

Насмевката на Азар ги разгневи навивачите на Реал

> Азар им се извини на навивачите на Реал, вети дека пристигнал за да освојува титули <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата