Утрински Весник
Македонија

Вработена во Општина Гази Баба пријавила дека ја нападнал советник

Вработена во Општина Гази Баба пријавила дека ја нападнал советник

Вработена во Општина Гази Баба пријавила дека ја нападнал советник.

Според информациите на МВР, вчера, во 20.20 часот, во Полициската станица Гази Баба, Б. М. (42) од Скопје пријавила дека на 29 април, околу 14.30 часот, на нејзиното работно место во објектот на Општина Гази Баба, А. Т., советник од една политичка партија, ѝ упатил закани, а се обидел и физички да ја нападне, но бил спречен од присутните советници.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Реконструкцијата на Владата пред пратениците

Сончево време со мала до умерена облачност

Откако ја раскажа семејната агонија: Надлежните презедоа мерки, таткото ќе биде хоспитализиран