Утрински Весник
Спорт

Од Басконија во Њујорк Никс

Од Басконија во Њујорк Никс

Кошаркарот на басконија, Лука Вилдоса, потпишал четиргодишен договор со Њујорк Никс, објави ЕСПН.

Еден од најдобрите плејмејкери во Евролигата, од договорот со Никс, е заработи 13,6 милиони долари.

ЕСПН не наведува кога Аргентинецот ќе му се приклучи на новиот тим. Јасно е дека најпрвин ќе мора да добие работна дозвола.

Вилдоса, беше МВП на финалето минатата сезона, кога Басконија ја освои титулата во Шпанија.

Лука Вилдоса е третиот Аргентинец кој во краток период од Европа се пресели во САД. Претходно во НБА пристигнаа Факундо Кампацо (Денвер Нагетс) и Габриел Дек (Њу Орлеанс Пеликанс).

> Од Басконија во Њујорк Никс <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара