Утрински Весник
Македонија

Приведено лице барано од турската полиција за убиство

Приведено лице барано од турската полиција за убиство

47 годишно лице од Р.Турција со престојувалиште во Скопје е приведено откако претходно по него турската полиција имала распишано меѓународна потерница за убиство.

Според МВР, вчера во 17 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода З.С.(47) од Р.Турција со престојувалиште во Скопје, кој се барал по меѓународна потерница за сторено крвично дело „убиство“.

Тој бил задржан во полициската станица Карпош за понатамошна постапка, информираат истражните органи.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“