Реал Мадрид не успеа да се пласира во финалето во Лигата на шампиони. Реал, синоќа, доживеа пораз од Челси (2:0), во полу-финалниот реванш. По мечот бес и разочарување кај навивачите и шпанските медиуми предизвика насмевката на лицето на Еден Азар, кој се дружеше со поранешните соиграчи Цезар Аспиликуета, Курт Зума и Кепа Аризабалага.
Азар, против својот поранешен тим, одигра 80 минути. Не успеа да направи разлика на теренот, буквално беше невидлив на теренот.
Навивачите и медиумите можат да му простат за лошата игра, но нема да му го заборават однесувањето по натпреварот.
„Азар играше против Реал Мадрид, доказ е оваа насмевка“, е еден од коментарите на „Твитер“.
Белгиецот, во Реал, пристигна во 2019 година за 100 милиони евра. За две години тој поради повредите одигра само 50 натпревари, на кои постигнал седум гола и забележал четири асистенции.
Eden Hazard was happy for Chelsea ?
(via @btsportfootball)pic.twitter.com/MimWLtQkzF
— ESPN FC (@ESPNFC) May 5, 2021
> Насмевката на Азар ги разгневи навивачите на Реал <