Утрински Весник
Магазин

Ченинг Тејтум: Tреба да ја подобрaм својата глума, така помалку ќе се соблекувам во филмовите

Ченинг Тејтум: Tреба да ја подобрaм својата глума, така помалку ќе се соблекувам во филмовите
Ss2

Sвездата на „Меџик Мајк“ вели дека е во добра физичка форма затоа што неговата работа честопати бара да се соблече, па се пошегува дека треба да работи на своите актерски способности за да се потпре на својот талент, а не на надворешниот изглед ако сака да ја продолжи кариерата.

Во текот на виртуелното гостување во ток-шоуто на Кели Кларксон, Ченинг Тејтум (41) рече дека треба да стане подобар актер за да не мора постојано да се соблекува во филмовите во кои глуми.

Ss1

„Како некој што вежба за својата работа, сигурен сум дека не би изгледал вака да не морав да бидам разголен во повеќето мои филмови. Како и да е, ќе мора да ја подобрам својата глума за да не се соблекувам“, се пошегува тој.

„Тешко е да вежбаш постојано. Не ми е јасно како некои луѓе поседуваат енергија и време за да си посветат на себе, оосбено оние кои имаат и работни и семејни обврски.“

Ss1

Можете да прочитате

За здрави црева докторите препорачуваат кои пијалоци да не се консумираат

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното

Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови