Утрински Весник
Свет

Тензии во Ла Манш околу риболовните права по Брегзит

Тензии во Ла Манш околу риболовните права по Брегзит

Првиот од двата брода распоредени од британската Кралска морнарица кои патролираат на островот Џерси во Ла Манш поради најавата за блокада на Франција поради спорот за правото на риболов по Брегзит, пристигна утринава на својата дестинација, пишува „Би-би-си“.

Британската влада објави дека испраќа два брода на Кралската морнарица да ја следат ситуацијата, а рано утрово, патролниот брод „Северн“ пристигна во близина на Џерси. Министерството за одбрана објави дека и бродот „Тамар“ подоцна ќе пристигне во водите околу Џерси.

Франција се закани дека ќе ја прекине електричната енергија на островот, кој не спаѓа во територијата на Велика Британија, но се смета за „кралски посед“, односно територија за која е одговорна Велика Британија.

Овој развој се случи откако Џерси минатата недела одлучи да им издаде дозволи за риболов на француските бродови според новиот систем, односно тие имаа право на риболов и пред Брегзит, пренесува „Би-би-си“.

Француски рибари, кои тврдат дека неправедно се ограничени нивните права, најавија протестна блокада на пристаништето Сент Хелиер со бродови.

Синоќа британскиот премиер Борис Џонсон изрази силна поддршка за Џерси, најголемиот остров на Ла Манш, кој се наоѓа на 22 километри од брегот на Франција.

Тој оцени дека секоја блокада ќе биде целосно неоправдана.

Џонсон претходно разговараше со премиерот на Џерси, Џон ле Фондре и со министерот за надворешни работи Ијан Горст, по што ја истакна итната потреба за деескалација на тензиите.

Можете да прочитате

Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија

Можна е средба меѓу Зеленски и Бајден во наредните недели