Утрински Весник
Свет

Данска ја забрани вакцината на „Џонсон и Џонсон“, Полска ќе ги купи резервите

Данска ја забрани вакцината на „Џонсон и Џонсон“, Полска ќе ги купи резервите
Dik 300x250 mk

Полска сака да ги купи вакцините на „Џонсон и Џонсон“ против коронавирус од Данска, изјави денеска владиниот портпарол, откако Данска ја исклучи оваа вакцина од својата програма за вакцинирање, поради можна врска со згрутчување на крвта.

Некои земји од Централна Европа, како што е Полска, сакаат да ја забрзаат програмата за вакцинација, по одложувањата во испораката на вакцините и заземаат помалку претпазлив став од, на пример, Данска.

Данска во понеделникот стана првата земја што забрани вакцинирање со вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Минатиот месец, Данска ја прекина вакцинацијата со „астразенека“, исто така, поради ретки случаи на згрутчување на крвта по вакцинацијата.

Полските власти велат дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат можните ризици.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник