Утрински Весник
Македонија

Онколошкиот оддел на Клиниката за детски болести ќе се реновира

Онколошкиот оддел на Клиниката за детски болести ќе се реновира

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави обнова на онколошкиот оддел на Клиниката за детски болести.

Околу 125 илјади евра ќе се инвестираат во обнова на одделот каде што се лекуваат децата со малигни заболувања со цел да се подобри престојот на дечињата и нивните родители.

Проектот е предвидено целосно да биде завршен до крајот на годината и ќе опфати обнова на сите соби за пациентите и за потребните интервенции. На одделението има осум соби, а во планот е предвидена и изградба на две соби за изолација на пациентите.

Можете да прочитате

Западнонилската треска се шири во Македонија – Осум случаи, сите заболени развиле тешка форма

Двајца стоматолози осомничени за мито за положен стручен испит

Барал пари од мајка си, па ја удирал и кубел – а друг и ја приклештил раката со врата и почнал да вози