Утрински Весник
Економија

Претставена новата ŠKODA FABIA: Поголема, побезбедна и поефикасна

Претставена новата ŠKODA FABIA: Поголема, побезбедна и поефикасна

› Четвртата генерација на популарниот градски автомобил за прв пат е основан на модуларната матрица на Volkswagen групацијата MQB-A0

› Најпросторно возило во сегментот

› Емотивен дизајн, најнова технологија и нови Simply Clever решенија

Дваесет и две години по првото деби на ŠKODA FABIA, чешкиот производител официјално ја претстави четвртата генерација на популарното градско возило. Основано на модуларната матрица MQB-A0 на Volkswagen групацијата, новата FABIA е најпросторното возило во сегментот, и вклучува бројни функционалности, како и напредни системи за безбедност. Класичните бренд карактеристики на ŠKODA, како одличната вредност за пари, високото ниво на функционалност и бројните Simply Clever решенија, ја прават новата FABIA вистинска ŠKODA.

Thomas Schäfer, извршниот директор на ŠKODA AUTO, изјави: „FABIA е составен дел од нашето портфолио повеќе од 20 години и ги отелотворува основните вредности на нашиот бренд како никој друг модел. Најновата генерација има сè што е потребно за беспрекорно да се надоврзе на успехот на своите претходници. Нуди повеќе простор од неговите конкуренти, совршена поврзаност, напредни системи за безбедност и емотивен дизајн – со други зборови, се што ви треба, и малку повеќе“.

За прв пат, ŠKODA FABIA се базира на модуларната платформа MQB-A0 од групацијата Volkswagen, што овозможи да се направи ентериерот уште поголем. Сега надминувајќи ја границата од четири метри, на 4.108 mm, новата FABIA е значително подолга од претходникот. Багажникот кој со 330 литри веќе беше најголем во сегментот – доби дополнителни 50 литри до капацитет од 380 литри. Со преклопување на задните седишта, капацитетот на багажникот може да се зголеми на 1,190 литри. Бидејќи се заснова на MQB-A0, новата FABIA сега може да се пофали и со многу системи за помош кои претходно беа резервирани за возила од повисоко ниво. Во комбинација со уште поцврстото тело, малиот автомобил нуди одлична активна и пасивна безбедност.

Емотивен дизајн, најдобра аеродинамика во класата и досег од повеќе од 900 км со еден резервоар на гориво

Новиот емотивен дизајн и самоуверените пропорции ја прават новата FABIA многу привлечна. Предните светла со остри линии, како и задните светла со модерна LED технологија и кристални структури, го истакнуваат динамичниот изглед. Редизајнираниот ентериер се одликува со симетрична табла со централен дисплеј, опционална група на дигитални инструменти и хоризонтални украсни ленти. Од лансирањето на пазарот, достапни ќе бидат нивоата на Active, Ambition и Style. Спортската варијанта Monte Carlo ќе следи подоцна. Пет бензински мотори од сегашната генерација EVO на групацијата Volkswagen испорачуваат моќност во опсег од 48 kW (65 КС) до 110 kW (150 КС). Со коефициент на воздушен отпор (cd) 0,28, FABIA е најаеродинамичен автомобил во својот сегмент, што – заедно со опционален резервоар за гориво од 50 литри – овозможува опсег од повеќе од 900 км според циклусот WLTP.

Внатрешност: повеќе простор, поголем комфор и многу технологија

Внатрешноста на FABIA воспоставува совршена рамнотежа помеѓу емотивноста и ергономијата. Визуелно, се карактеризира со централен инфозабавен систем до 9,2 инчи. Покрај најсовремените системи за инфозабава, кај FABIA за прв пат може да се вгради и 10,25-инчна дигитална инструмент табла. Карактеристиките за комфор, кои вообичаено се наоѓаат во возилата од повисоко ниво, како што се греење на ветробранско стакло и греење на волан, се дополнителни опции што го имаат своето деби кај FABIA. Останати детали во внатрешноста кои претставуваат новост кај Fabia е амбиенталното осветлување и за прв пат, двозонска автоматска клима.

Конективност: секогаш онлајн со безжично поврзување

ŠKODA ја опреми новата FABIA со инфозабавни системи кои имаат екрани до 9,2 инчи. Малиот автомобил е секогаш онлајн благодарение на вградениот eSIM. Ова овозможува да добиете интернет радио или да пристапите до широкиот спектар на мобилни мрежни услуги на ŠKODA Connect и најновите апликации за инфозабава. Паметните телефони можат да се поврзат со автомобилот преку безжична SmartLink конекција без потреба од кабел и индуктивно да се полнат во Phone Box. Amundsen, врвниот систем за инфозабава, може да се управува и со контрола на гестови и со помош на дигиталниот асистент Laura.

Безбедност: нови системи за асистенција и до 9 воздушни перничиња

Патувањето секогаш е лесно со Travel Assist, поудобно со Park Assist, и за прв пат кај FABIA, напредна верзија на Travel Assist системот кој нуди автоматска поддршка со лонгитудинално и латерално управување на возилото. Овој систем се активира едноставно, со притискање на копче и системот комбинира неколку системи за асистирање во исто време. До брзина од 210 км/ч Адаптивниот Темпомат (ACC) автоматски ја приспособува брзината со возилото пред него. Lane Assist системот ја одржува FABIA на средина на коловозната лента и врши корекции кога се потребни. Користејќи го Hands-On Detect системот, Travel Assist проверува дали возачот го држи воланот постојано. Напредниот Blind Spot Detect (Side Assist) е достапен опционално. Овој систем го предупредува возачот за возила до 70 метри и се активира доколку возачот започне маневар на претекнување додека возило се наоѓа во слепата точка. FABIA исто така активно помага при паркирање. Park Assist системот работи на брзини до 40 км/ч и бара соодветно паралелно или стандардно паркинг место, кое откако ќе биде пронајдено, возачот единствено ракува со педалите, додека управувањето се контролира автоматски. Maneuver Assist системот ги користи сензорите за детектирање на препреки пред или зад возилото при паркирање и ги активира сопирачките автоматски. Traffic Sign Recognition (систем за препознавање на сообраќајни знаци) и Front Assist системот со Predictive Pedestrian and Cyclist Protection (предвидлива заштита на пешаци и велосипедисти) се исто така нови системи достапни кај FABIA.

Мотори: пониска потрошувачка, поголем досег

Многу повеќе варијанти на погонски систем достапни за избор во четвртата генерација на ŠKODA FABIA. Пет мотори од најновата генерација EVO на групацијата Volkswagen, сите мотори се во согласност со строгиот стандард за емисии Euro 6d. Излезната моќност се движи од 48 kW (65 КС) до 110 kW (150 КС). Четири од пет мотори, заедно со опционалниот резервоар за гориво од 50 литри, можат да поминат повеќе од 900 км во циклусот WLTP.

Сите мотори го исполнуваат стандардот за емисии на Euro 6d. 1.5 TSI со излезна моќност од 110 kW (150 КС) и 7-брзински DSG како стандард e врвот на погонската понуда. Моделите што испорачуваат до 70 kW (95 КС) се опремени со 5-степен мануелен менувач, додека избор помеѓу 6-степен мануелен менувач или автоматски 7-степен DSG е достапен кај 1.0 TSI со моќност од 81 kW (110 КС).

Simply Clever: Пет нови решенија кај новата FABIA

Со пет комплетно нови карактеристики и осум дебитанти кај FABIA, чешкиот производител на автомобили ја продолжува својата традиција да нуди Simply Clever решенија во четвртата генерација на својот популарен мал автомобил. Во зависност од спецификацијата, новата ŠKODA FABIA нуди вкупно до 43 практични детали што го прават возилото полесно за употреба во секојдневниот живот – тоа е повеќе од кога било досега. Опсегот се протега од класиците на ŠKODA, како што се стругалка за мраз во капакот за полнење гориво со мерач за длабочина на шарата на гумата, држач за билети за паркинг на A столбот и чадор во вратата на возачот, до нови паметни детали што го прават ентериерот и багажникот многу поуреден со многу малку напор.

Нови Simply Clever решенија кај FABIA:

Преклопувачко совозачко седиште

Два џеба за смартфон на задниот дел од предните седишта

Мултифункционален простор за работи

USB-C приклучок на ретровизорот

Преклопувачки флексибилен отвор за работи во багажникот*

Светло за читање во задниот дел кое се активира од напред

Отстранувачки држач за чаши*

Две куки за закачување на кеси на горниот дел од

системот за прицврстување во багажникот

Мапа и држач за пенкало во фиоката пред рачката од менувачот*

Држач за картички и монети во отворот на фиоката пред совозачот

Остава за работи во тунелот пред задните седишта со држач за чаши*

Отстранлив визир за сонце со панорамски кров *

Заштита на отворот од браникот

*За прв пат кај ŠKODA

ŠKODA носи 22-годишно искуство во сегментот на мали автомобили на четвртата генерација на FABIA. Од неговото лансирање на пазарот во 1999 година, хечбекот FABIA и FABIA COMBI се важни темели на успехот на чешкиот производител на автомобили, со повеќе од 4,5 милиони произведени единици. Тој е втор најпродаван модел ŠKODA по OCTAVIA и едно од најпопуларните возила во неговиот сегмент.

(ПР текст)

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена