Утрински Весник
Македонија

Сметките за вода отсега може да се платат со скенирање на QR код без провизија

Сметките за вода отсега може да се платат со скенирање на QR код без провизија
Dik 300x250 mk

ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова можност за корисниците на своите услуги.

На фактурите за април е поставен персонализиран QR код со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга „инстант плаќање“ и имаат можност брзо, лесно и едноставно да го реализираат плаќањето без провизија, соопшти претпријатието.

Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на фактурите веќе се достапни и преку самоуслужните киосци за наплата поставени на неколку локации низ градот – СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.

Можете да прочитате

45 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 66 лица

Директорот на М-НАВ работел како контролор на празник за да добие двојна дневница!?

По две децении промена во Струмица, Петар Јанков го презеде градот од Костадинов