Утрински Весник
Свет

Борел го покрена прашањето за нуклеарниот договор на САД и Иран на состанокот на Г7 во Лондон

Борел го покрена прашањето за нуклеарниот договор на САД и Иран на состанокот на Г7 во Лондон

Високиот претставник на ЕУ, Жозеф  Борел, се осврна на Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), насочен кон решавање на кризата околу нуклеарниот договор на САД и Иран. за време на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-7 во Лондон, пренесува ТАСС.

„Како координатор на #JCPOA, ја истакнав потребата да се искористи актуелната можност за напредок кон враќање на САД и целосна имплементација на договорот“, објави Борел на Твитер.

Дипломатот исто така истакна дека состанокот започнал со „важна дискусија“ за Иран и за Северна Кореја.

Можете да прочитате

Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините

Повеќе бродови поминале низ Ормуската Теснина и покрај обновените тензии на Блискиот Исток