Утрински Весник
Свет

СЗО го повика Г7 да го финансира глобалното закрепнување од Kовид-19

СЗО го повика Г7 да го финансира глобалното закрепнување од Kовид-19

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Групата седум (Г7) да го финансира глобалното закрепнување од Ковид-19, предупредувајќи дека кризата низ целиот свет не може да се реши доколку најразвиените земји не ги засилат своите активности.

СЗО соопшти дека Групата Г7, која се состои од Велика Британија, САД, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, има можност да ги финансира вакцините, тестовите и протоколите за лекување потребни за да се победи пандемијата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика земјите од Г7 да преземат решителни мерки на нивниот Самит од 11 до 13 јуни, чиј домаќин е британскиот премиер Борис Џонсон.

„Земјите од Г7 се светски економски и политички лидери. Тие се исто така дом на многу светски производители на вакцини, а кризата со вакцините можеме да ја решиме само со помош на лидерите на овие земји“, рече Тедрос.

Можете да прочитате

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Макрон најави засилена воена поддршка за Украина по рускиот напад врз Кривиј Рог