Утрински Весник
Свет

ЕМА одлучува дали децата од 12 до 15 години ќе можат да се вакцинираат со „Фајзер“

ЕМА одлучува дали децата од 12 до 15 години ќе можат да се вакцинираат со „Фајзер“

Европската агенција за лекови (ЕМА) почна да го разгледува барањето на „Фајзер“ за примена на нивната вакцина против Ковид-19 на лица од 12 до 15 години.

ЕМА објави дека ќе спроведе забрзана оценка на податоците за вакцината, што ги вклучува резултатите од големото клиничко испитување кое е во тек, а опфаќа адолесценти на возраст од 12 години.

Како што беше соопштено, резултатите најверојатно ќе бидат објавени во јуни.

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија