Утрински Весник
Свет

Во Германија уапсени припадници на меѓународна педофилска мрежа

Во Германија уапсени припадници на меѓународна педофилска мрежа

Германската полиција уапси тројца мажи, а четвртиот е во Парагвај, за наводно водење на една од најголемите мрежи во светот за размена на слики од сексуално злоставување на деца.

Цел на меѓународната операција била веб-платформата наречена „Бојстаун“, која сега е отстранета, а имала повеќе од 400.000 регистрирани корисници, пренесува Би-Би-Си.

Официјални лица велат дека некои слики објавени на платформата содржат најтешки форми на сексуална злоупотреба на мали деца.

Во истрагата биле вклучени Холандија, Шведска, Австралија, САД и Канада, предводени од Германија.

Полициската агенција на ЕУ, Европол, соопшти дека ќе ги испита и разузнавачките информации што ги добиле за време на операцијата, врз основа на кои се очекуваат повеќе апсења и спасувања на деца ширум светот.

Неколку поврзани страници за разговор со педофили на темната мрежа се, исто така, отстранети.

Можете да прочитате

Трамп во среда се среќава со Нетанјаху, ќе разговараат за Иран

Полицијата употреби солзавец и водени топови на протестот против ЗОИ во Милано

Расмунсен: Можен е договор со САД за Гренланд со почитување на данските „црвени линии“