Утрински Весник
Македонија

Зошто вчера кај Галичник не интервенираа авионите на Дирекцијата за заштита и спасување?

A1d9de29 5e14 4c5a 9011 C27a46e05997

Центарот за управување со кризи во текот на вчерашниот ден детално информираше за преземените активности по алармот за запалената борова шума во близина на куќите над селото Галичник. Ја добивме информацијата дека армиските хелокоптери биле таму, но не можеле да интервенираат поради силниот ветер. Но, остана отворено прашањето каде беа „ер-тракторите“.

Дирекцијата за заштита и спасување поседува два „ер-трактори“, авиони за гаснење пожари. Од Центарот за управување со кризи ја добивме информацијата дека била побарана интервенција на „ер-тракторите“, но немаме одговор од ДЗС зошто не полетале двата авиона за гаснење на пожари.

Во очекување на официјална информација, неофициално, авионите веќе подолг период се на сервис, па затоа немало никаков одговор на барањето за интервенција над Галичник.

Можете да прочитате

Вардар во Велес се излеа на двете страни на кејот, под вода се и дрвјата во Градскиот парк

Првата лидерска средба помеѓу Мицкоски и Филипче, прашање е дали ќе биде на полноќ или на дневна светлина

Палевски во петок ќе го испитува Кешишев, откако тој го посочи за планер на убиствата на Вања и Панче