Утрински Весник
Свет

Ново олеснување на рестриктивните мерки во Словенија

Ново олеснување на рестриктивните мерки во Словенија

Во Словенија продолжува ублажувањето на рестриктивните мерки, а од денес е дозволена работата на некои образовни и консултантски институции, угостителски и туристички објекти, но само во т.н. жолти региони.

Ноќните клубови, баровите и дискотеките остануваат затворени.

Во жолтите региони е дозволено да се оди во продавница со почитување на пропишаната физичка оддалеченост, едно лице на 20 квадратни метри.

Во портокаловите региони продавниците се отворени, но со построги мерки на физичко растојание – еден клиент на 30 квадратни метри.

На баровите и рестораните им е дозволено да служат гости во нивните градини и тераси, почитувајќи го пропишаното растојание помеѓу масите и со ограничен број гости.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија