Утрински Весник
Свет

Велика Британија испраќа илјада респиратори во Индија

Во Индија казни за одговорните поради недостатокот од медицински кислород

Велика Британија ќе испрати 1.000 респиратори во Индија, која е силно погодена од коронавирусот.

Премиерот Борис Џонсон рече дека Велика Британија секогаш ќе биде со Индија кога тоа е потребно.

„Длабоко сум погоден од брзата поддршка што Британците им ја дадоа на луѓето во Индија и задоволен сум што владата на Велика Британија успеа да одигра улога во помошта да се спасат животи“, рече Џонсон.

Тој утре ќе одржи виртуелен состанок со индискиот премиер, Нарендра Моди, за да разговара за продлабочување на соработката меѓу Велика Британија и Индија.

Индија забележа најголем дневен број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата – 3.689, и стана првата земја што регистрира повеќе од 400.000 нови случаи за еден ден.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп