Утрински Весник
Спорт

Нова мајсторија на Меси за да ги заддржи Барса во лов на шпанската титула

Нова мајсторија на Меси за да ги заддржи Барса во лов на шпанската титула

Лионел Меси постигна два гола, од кои едниот по утнат пенал, а другиот со маестрален слободен удар, за да ги предводи Барселона до камбек 2:3 победа над Валенсија на „Месталја“ и да ги остави Каталонците во трката за шпанската титула.

Работите не изгледаа најдобро за тимот на Роналд Куман откако во 50. минута, Габриел Паулиста ги донесе „лилјаците“ во водство. Меси доби шанса да го поправи тоа само седум минути по досудениот пенал за гостите, но откако не успеа да го погоди, одбиената топка ја смести во мрежата.

Антоан Гризман во 63. минута го најави триумфот на Барселона, за во 69. минута, Меси да постигне еден апсолутно прекрасен гол од слободен удар, покажувајќи дека е мајстор за вакви ситуации. Сепак, ова не беше крајот на возбудувањата – Карлос Солер во 83. минута постигна убав гол за 2:3 и за интересен финиш на мечот.

На четири кола до крајот на сезоната, Барселона останува на третото место со 74 поени, исто колку и второпласираниот Реал Мадрид и два зад Атлетико Мадрид, додека Севилја е четврта со 70 поени, но и натпревар помалку. Валенсија лошата сезона ја дочекува на 14. место со само 36 освоени поени.

> Нова мајсторија на Меси за да ги заддржи Барса во лов на шпанската титула <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ