Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЦУК за пожарот над Галичник: Постои опасност за селото поради засилениот ветер

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот
Img 7972

Центарот за упрвување со кризи соопшти дека пожарот во Галичник е на непристапен терен и гори борова шума.

„Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење“, велат од ЦУК.

За состојбата, известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Инаку, информацијата за пожарот над селото Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Испратени се хеликоптер за гаснење пожар, екипи од противпожарната служба, а на терен е екипа на Национален парк.

Од месната заедница Галичник, претходно соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“ и нема опасност за куќите.

Можете да прочитате

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Ни следува нов ладен и влажен бран

Филипче: Глас за Дејан Глинџарски е глас за Делчево да продолжи да се развива

Променливо облачно со повремен локален дожд