Утрински Весник
Македонија

Денеска топло време со температури над 30 степени

Денеска топло време со температури над 30 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди.

Во утринските часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 24 до 33 степени, jави УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во понеделник ќе биде стабилно со благ пад на дневната температура, додека во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд. Температурата дополнително ќе опадне уште за неколку степени.

Можете да прочитате

Кос: Охрабрени сме во Брисел од реформскиот скок на земјата, потврда дека Владата може да испорача

Моника Зајкова избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје