Утрински Весник
Македонија

Тогаш новинарите се плашеа од министрите, сега министрите се плашат од новинарите

0c63d7a8 0595 4de3 9539 fc4415ca91a2

Кога се зборува за слободата на медиумите и новинарското известување и при тоа се прави споредба со ситуацијата од пред неколку години едно е сигурно – тогаш новинарите се плашеа од министрите, денес министрите се плашат од новинарите. Се плашат дека ако погрешат, ако украдат или не ги почитуваат правилата на однесување стануваат лесна мета за новинарите. Тоа произлегува само од едно, оваа власт, како што нотираат извештаите на меѓународните организации, нема контрола врз медиумите и создава простор за критички, независни и објективни медиуми. Во такви услови, кога новинарите имаат слобода за истражување и критика, функционерите се изложени на поголем притисок од јавноста, тоа ги прави поодговорни, така институциите стануваат попрофесионални и поблиски до граѓаните, што е суштината на една држава пишува 24 инфо.

ПРЕТХОДНИТЕ ТРОШЕА ПО 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОПАГАНДА

Како се направи пресврт во состојбата со медиумите и слободата на новинарите? Уште во 2017 година, еден од првите потези на Владата на Зоран Заев беа измените во членот 102 од Законот за аудио и аудиовизулни медиумски услуги. Тој член стави забрана на владиното рекламирање низ медиумите, што Владата на ВМРО ДПМНЕ го користеше за корупција на медиумите, а за возврат добиваше наклонетост на уредувачката политика. Така се слеваа милиони евра народни пари во голем број медиуми кои Никола Груевски ги имаше под своја контрола. Така новинарите се плашеа од министрите, односно од своите газди, а овие пак беа купени од власта.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

Можете да прочитате

Македонски државјанин инволвирана во случај за тероризам во Швајцарија

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!