Утрински Весник
Македонија

Во болниците се лекуваат 1.147 пациенти со компликации од коронавирус

Во болниците се лекуваат 1.147 пациенти со компликации од коронавирус
Dik 300x250 mk

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.147 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 92 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 17 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 73 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 20, Кавадарци 29, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Можете да прочитате

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Блерим Беџети повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција