Утрински Весник
Свет

Албанија ја одобри руската вакцина „Спутник в“

Албанија ја одобри руската вакцина „Спутник в“
Dik 300x250 mk

Албанија ја одобри употребата на руската вакцина против коронавирусот „Спутник в“, информираше денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), а пренесува агенцијата ТАСС.

„Рускиот фонд за директни инвестиции објавува регистрација на руската вакцина против коронавирус, “Спутник в”, од страна на Министерството за здравство и социјална заштита на Република Албанија. Првата група на руска вакцина е веќе доставена во земјата“, се наведува во соопштението на РДИФ.

„Спутник в“ засега е регистрирана во 64 држави со вкупно население од над 3,2 милијарди луѓе.

Испитувањата по вакцинацијата во голем број држави покажуваат дека „Спутник в“ е најбезбедната и најефикасната вакцина против Ковид-19, пишува ТАСС.

Агенцијата додава и дека оваа вакцина е на второто место во светот според бројот на одобренија од страна на државните регулатори. Прва е вакцината на „Астра зенека“, а на третото место е онаа на „Фајзер“.

Претходно денеска и турските власти соопштија дека официјално ја одобриле руската вкацина.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот