Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 692 пациенти

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 692 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 692 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во mинистерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 97 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 80 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 25, Кавадарци 30, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1165 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите, велат од министерството за здравство.

Додаваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Според ресорното министерство сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа