Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Словенија ја забрзува вакцинацијата, ја вклучува и војската

Словенија ја забрзува вакцинацијата, ја вклучува и војската
Img 7972

Словенечката влада денес објави дека во наредните недели, со оглед на пристигнувањето на поголеми количини вакцини, ќе ја забрза кампањата за имунизација во која ќе биде вклучена и војската.

Според официјалните податоци, 413.033 лица досега ја примиле првата доза на вакцина во Словенија, а 180.084 се имунизирани со двете дози, но достапноста на вакцините сега е многу поголема, па од следната недела во поголемите центри бројот на вакцинирани може да биде двојно или тројно поголем во однос на досегашното темпо.

Министерот за здравство Јанез Поклокар потврди дека војската и воениот санитет, како и цивилната заштита, ќе бидат вклучени во кампањата за имунизација против вирусот Ковид-19 и дека целта на владата на Јанез Јанша е мнозинството од населението да добие вакцини до крајот на јуни годинава.

Поради малку подобрата епидемиолошка состојба во 5 од 12 словенечки региони, владата од понеделникот  во тие региони дополнително ги ублажи мерките во однос на оние што важат на ниво на целата земја.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите