Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс бара да се обрати до судот за случајот старателство

Бритни Спирс бара да се обрати до судот за случајот старателство

Адвокат на Бритни Спирс изјави дека таа побарала да говори директно за случајот старателство пред суд.

Таткото на пејачката, Џејми Спирс, доби дозвола за целосна контрола над нејзините лични и деловни работи со судска наредба во 2008 година.

Судот првично наложи трајно старателство откако музичката sвезда беше хоспитализирана поради загриженост за нејзиното ментално здравје.

Документарец објавен на почетокот на оваа година предизвика полемика во врска со контролата на татко ѝ.

„Мојот клиент побара рочиште на кое таа може директно да се обрати до судот“, им рече Самуел Ингам на новинарите пред судот во вторникот, додавајќи дека неговиот клиент побарал тоа да се направи по забрзана постапка.

Судијата одреди датум на рочиште за 23 јуни.

Нејасно е дали Спирс ќе се појави лично и, ако се појави, што ќе каже. Пејачката претходно преку адвокати посочи дека повеќе не сака нејзиниот татко да ги надгледува нејзините лични работи.

Можете да прочитате

Лунарна Нова година – Зошто во Кина веруваат дека миење на коса и чистење дома денес носи лоша среќа

Повеќето луѓе доживуваат страсна љубов двапати во животот

Уапсен хакер кој резервирал престој во луксузни хотели за еден цент