Утрински Весник
Спорт

Нгану доби херојски пречек во Камерун, УФЦ појасот го предаде на својата мајка

Нгану доби херојски пречек во Камерун, УФЦ појасот го предаде на својата мајка
Dik 300x250 mk

УФЦ шампионот во тешка категорија, Френсис Нгану доби херојски пречек во својот роден Камерун, враќајќи се во земјата првпат откако го нокаутираше Стипе Миочиќ и му ја одзеде титулата.

Популарниот „Предатор“ пристигна на аеродромот во најголемиот камерунски град Дуала, каде што добива букет цвеќе и полициска придружба, додека неговата мајка го доби УФЦ појасот. Улиците на градот од 3 милиони луѓе беа преполни со негови фанови.

Ова е комплетирање на приказната од бајките на Нгану, кој само пред неколку години беше во бегалски камп во Шпанија по бегањето од Камерун, пред да остане бездомник во Париз Париз да го создаде митот на еден од УФЦ фајтерите со најмоќен нокаут

Нгану беше посебен и од легендата на камерунската фудбалска репрезентација, Ригоберт Сонг, кој освои две титули од Африканскиот куп и четири пати ги преводеше на Светски првенства.

Следниот противник на Нгану засега е непознаница, иако сите сакаат пресметка со поранешниот шампион во средно-тешка категорија Џон Џонс, така што пореална опција е Дерик Луис, единствениот фајтер против Миочиќ кој го има победено Нгану.

> Нгану доби херојски пречек во Камерун, УФЦ појасот го предаде на својата мајка <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс