Утрински Весник
Спорт

Аврамовски со два гола учествуваше во вредна победа на Кајзериспор

Аврамовски со два гола учествуваше во вредна победа на Кајзериспор
Dik 300x250 mk

Македонскиот фудбалски репрепрезентативец Даниел Аврамовски постигна два гола за својот Кајзериспор во победата над „фенерџијата“ во турската Суперлига, тимот на Денизлиспор.

Кајзери, екипата која грчевито се бори за опстанок во лигата со 6-3 славеше против тимот кој се чини се предаде и идната сезона ќе настапува во втора лига.

Графика:Sofascore за Топспорт.мк
Првиот гол на Аврамовски падна во 26. минута, тогаш за 2-0, додека вториот го постигна во 45. минута, тогаш за 3-1.

Во претходното коло Македонецот приоднесе до нерешениот резултат за својот тим со две асистенции.

Ова се двата погодока на Даниел Аврамовски:

На 4 кола до крајот на првенствената сезона Кајзериспор има 38 бода и е 16-ти, со само бод повеќе од трите тима кои се под него на табелата, од кои два ќе се преселат во понизок ранг.

> Аврамовски со два гола учествуваше во вредна победа на Кајзериспор <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс