Утрински Весник
Свет

Зградата на чешкото МВР во Прага евакуирана по закана од бомба

Зградата на чешкото МВР во Прага евакуирана по закана од бомба

Вработените во судскиот комплекс во кој се наоѓаат неколку обласни суда и канцеларијата за јавиот обвинител, вклучувајќи го и персоналот на чешкото Министерство за внатрешни работи, беа евакуирани од зградата во Летна, Прага, утринава по дојавената закана од бомба, пренесува „Спутник“.

Повеќе од илјада луѓе беа принудени да ја напуштат здградата, околу која беше постаен полициски кордон, додека екипите за деминирање темелно не го проверија комплексот.

Инцидентот беше пријавен само неколку часа министерот за внатрешни работи Јан Хамачек да ги објави промени во кабинетот, претставувајќи ја замената за заменик-министерот за надворешни работи, Јакуб Кулханек, кој минатата недела стана министер за надворешни работи.

„Поради анонимна закана со бомба, во моментов ја евакуираме зградата на Министерството за внатрешни работи во Летна. Безбедносните мерки се спроведуваат согласно протоколите”, се вели во официјалното соопштение објавено на Твитер.

Засега нема извештаи за какви било повреди или предизвикана материјална штета и не е јасно дали заканата била вистинска или станувало збор за лажна тревога.

Можете да прочитате

Над 240 случаи на Западнонилска треска во Европа

Трамп очекува конфликтот со Иран наскоро да заврши, Техеран вели дека американската дипломатија не успеала

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли