Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за Тодор Петров поради непочитување на мерките на протестот во неделата

Кривична пријава за Тодор Петров поради непочитување на мерките на протестот во неделата

Полицијата поднесе кривична пријава против Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, како организатор на протестите во неделата. Од полицијата велат дека на собирот не биле почитувани мерките за заштита од коронавирусот.

„СВР Скопје денеска (27.04.2021) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки на 25.04.2021 организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на РСМ и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести“, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Изгоре противпожарен камион, двајца пожарникари повредени

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење

Андоновски: Националниот дата-центар ќе ја обедини државната ИТ инфраструктура – помалку трошоци и повисока безбедност