Утрински Весник
Свет

Ограничувања за Антикорупциската фондација на Навални, можеби и забрана за работа

Ограничувања за Антикорупциската фондација на Навални, можеби и забрана за работа

Судот во Москва денес потврди дека се воведени ограничувања за работата на Антикорупциската фондација на опозицискиот лидер Алексеј Навални, како и дека се разгледува барање за забрана за работа на неговите регионални изборни канцеларии.

Судот објави дека е донесена одлука за забрана на одредени активности на Фондацијата за борба против корупција (Алексеј Навални), но не е наведено детално за кои активности станува збор, пренесува „Ројтерс“.

Навални во моментов се наоѓа во затвор и издржува казна од 2,5 години за кршење на условната слобода.

Можете да прочитате

Пакистан: Наскоро очекуваме позитивен развој на настаните во врска со Иран

Падна ChatGPT – 24info.mk

Трамп тврди дека преговорите започнуваат вечерва – Иран негира