Утрински Весник
Свет

Милиони деца во светот се загрозени поради паузата во вакцинацијата

Милиони деца во светот се загрозени поради паузата во вакцинацијата

Милиони деца во светот чија имунизација беше прекината од пандемијата на Ковида-19, особено во Африка, се изложени на ризик од болести како сипаници, детска парализа, жолта треска и дифтерија, предупредија денеска здравствените власти на Обединетите нации.

Празни работни места и прекини во вакцинацијата доведоа до појава на сипаници во Пакистан и Јемен и можно е тие да доведат до нови епидемии, пренесува „Ројтерс“.

Во споредба со 2020 година, постигнат е напредок во обезбедувањето вакцини кои се прекинати поради пандемијата, но повеќе од една третина од 135 земји кои се под контрола на Светската здравствена организација (СЗО) сè уште очекуваат потешкотии.

„ Дури и пред пандемијата, имаше загрижувачки индикации дека ќе започнеме да ја губиме трката против детските болести што можат да се спречат, но 20 милиони деца веќе доцнат со примање важни вакцини“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Анриета Форе.

Таа додаде дека пандемијата ја влошила „лошата состојба“.

СЗО утврди дека најмалку 60 масовни имунизации во 50 земји во моментов се запрени, што ги става 228 милиони претежно деца во ризик од заразување со болести што можат да се спречат.

Повеќе од половина од погодените земји се во Африка.

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд