Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Никој не може да ја подели Белорусија

Лукашенко: Никој не може да ја подели Белорусија

Никој не може да ја подели Белорусија, порача претседателот Александар Лукашенко за време на церемонијата во регионот Гомел, посветена на 35-годишнината од катастрофата во Чернобил.

Шефот на државата потсети дека во текот на првите години од неговото владеење постоеше идеја за формирање на Полска народна република – што подразбира поделба на Белорусија на делови и посочи дека некои фактори „сакаат да ја поделат Белорусија на два дела повторно”.

„ Нема да биде можно, дури и без мене нема да биде можно. Ние веќе сфативме дека ја имаме нашата држава и наѓата земја и нема да ја дадеме на никого“, рече претседателот.

Тој исто така посочи дека ситуацијата по нуклеарната катастрофа во Чернобил би била многу полоша доколку тој дел се одвои.

„ Успеавме да ја спасиме оваа земји исклучиво затоа што собравме „ пари од Чернобил“ од целата земја и ги испративме овде“, нагласи Лукашенко.

Зборувајќи за социо-политичката агенда, претседателот ги повика граѓаните секогаш да разговараат за сите прашања на мирен начин.

„ Ајде да се собереме, да разговараме без борба. Бидејќи некому му е потребна борба. Некој има потреба од хаос – и вие знаете кој – во оваа земја”, рече тој.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија