Утрински Весник
Свет

Палмер: Земјите од Западен Балкан треба да бидат во НАТО и ЕУ

Палмер: Земјите од Западен Балкан треба да бидат во НАТО и ЕУ

Заменик државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Метју Палмер, во интервју за Гласот на Америка пред посетата на Брисел оваа недела од страна на лидерите на Србија, Косово и Северна Македонија рече дека Вашингтон го гледа Западен Балкан како интегриран регион во НАТО и Европската унија.

Дипломатот истакна дека Соединетите држави продолжуваат силно да го поддржуваат дијалогот Белград-Приштина, со кој посредува Европската унија.

„Ние постојано го правиме ова на различни нивоа, вклучително и во септември тука во Вашингтон, на највисоко ниво на американската влада. Оваа заложба за партнерство со Србија, за партнерство со Косово и за европската перспектива на двете земји нема да се промени. И, ќе работиме со Белград и Приштина за да го поддржиме нормализирањето на нивните односи и соодветната европска интеграција за секоја од земјите“, рече Палмер.

Tој нагласи дека политиката на САД кон регионот е одржлива од една до друга администрација.

„Нашата визија за Западен Балкан е група земји во мир едни со други, со нивните соседи, одржливи земји, просперитетни и интегрирани во европските и евро-атлантските институции. Мислам конкретно во НАТО и Европската унија “, рече заменик државниот секретар.

 

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд