Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Унгарија ќе ги отвори рестораните, музеите и театрите само за вакцинираните

Унгарија ќе ги отвори рестораните, музеите и театрите само за вакцинираните
Img 7972

Унгарската влада објави нови правила што ќе стапат на сила кога бројот на Унгарци вакцинирани против Ковид-19 ќе достигне четири милиони.

Во соопштението се наведува дека полицискиот час ќе започне на полноќ, додека продавниците ќе можат да останат отворени до 23 часот.

На лицата кои имаат сертификат за вакцинација ќе им биде дозволено да ги користат затворените простории во угостителските објекти до 23 часот, како и во хотелите каде што ќе може да престојуваат и деца.

Објектите кои нудат забавни активности, а кои беа затворени во ноември лани, повторно ќе бидат отворени за оние кои примиле вакцина, вклучувајќи ги зоолошките градини, парковите за диви животни, музеите, театрите, кината и библиотеките.

Повторно ќе бидат отворени и спортските сали, базените и лизгалиштата за оние кои имаат потврда за вакцинација и за сите професионални спортисти на возраст под 18 години.

Вакцинираните ќе можат да присуствуваат на спортски настани. Организаторите ќе ја проверат валидноста на сертификатот за вакцинација и доколку не го сторат тоа, им се заканува казна од 100.000 форинти до еден милион форинти или затвор до една година.

Обврската за носење маски на јавни места, јавниот превоз и продавниците останува на сила.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија