Утрински Весник
Спорт

Меси купи втор стан во Мајами, само терасата има 200 квадрати

Меси купи втор стан во Мајами, само терасата има 200 квадрати

Аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси се чини решил Мајами да е неговата дестинација кога ќе заврши со авантурата во Барслеона. Меси во најголемиот град во Флорида купил втор стан, пишуваат светските медиуми.

Меси уште пред 2 години вложи пари во купување на апартман во комплексот. Тогаш за сиот луксуз плати 5 милиони долари.

Сега, за новото здание наводно издвоил 7,3 милиони евра:

Зградата се наоѓа на најдобрата можна локација, на самиот брег, недалеку од центарот на Мајами. Станот го зазема речиси целиот последн кат од каде има поглед на целото море.

Сајтот за недвижности „The Real Deal” пишува дека новата аквизиција на фудбалерот на Барселона се простира на 511 метри квадратни, од кои 195 квадрати се тераси.

На огромниот простор има на располагање 6 базени, спа, фитнес, јога студио, детски игротеки, голема кујна и подрум со вино.

Еве ја локацијата:

> Меси купи втор стан во Мајами, само терасата има 200 квадрати <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен