Утрински Весник
Свет

Нова студија: Бремените жени и бебињата со Ковид-19 имаат поголем ризик од развој на компликации

Нова студија: Бремените жени и бебињата со Ковид-19 имаат поголем ризик од развој на компликации

Бремените жени заразени со Ковид-19 и нивните новороденчиња имаат поголем ризик од развој на компликации отколку што беше претходно познато, покажува најнова студија на британски научници.

Студијата е спроведена на повеќе од 2.100 бремени жени во 18 земји, а секоја бремена жена со Ковид-19 е споредувана со други две бремени жени кои не биле заразени и се породиле во иста болница истовремено.

Заразата со новиот коронавирус кај новороденчињата е поврзана со тројно поголем ризик од здравствени компликации, тврдат научниците од Оксфорд.

„Бремените жени заразени со Ковид-19 имаат 50 проценти поголема веројатност од другите бремени жени да развијат компликации, вклучувајќи предвремено породување, висок крвен притисок со откажување на органите, потреба за интензивна нега или смрт“, рече професорот по фетална медицина Арис Папагеоргиу.

Сепак, се чини дека доењето не претставува ризик дека бебињата ќе бидат заразени од мајки кои имаат Ковид-19, велат научниците.

Можете да прочитате

Кошта: Единствен победник од оваа војна е Русија

Сауди Арамко: Ќе има катастрофални последици за пазарот на нафта ако продолжи кризата во Хормуз

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?