Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петрушевски: Скандалозен тендер од половина милион евра на Управата за матични книги

(Видео) Петрушевски: Скандалозен тендер од половина милион евра на Управата за матични книги

На повидок е нов скандал на власта, овој пат во Управата за водење на матични книги, која ја води Бујар Дардишта, со набавки тешки милиони евра за софтвер и хардвер за дигитализација, посочи на денешната прес-конференција претеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Според податоците објавени во печатените медиуми, Управата за матични книги во март годинава склучила договор за дигитализација на матичните книги во висина од 480.000 евра со фирмата ‘Новатек Инв’. Сомнеж фрлаат две работи, прво фирмата е формирана само месец дена пред да се јави на тендерот, и второ сумата на договорот во целост се поклопува со проценетата цена на договорот, а која не била објавена во повикот“, нагласи Петрушевски.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кажа истакна дека сомнежите стануваат уште посилни, доколку се навлезе подлабоко во процедурата.

„За разлика од голем број други тендери од овој калибар, Управата не пропишала услов за минимален праг на приходи во период од една, две или три години, со цел да се види финансиската стабилност на фирмата. Не се барале ниту референци како број на сработени проекти и реализирани договори. Но за разлика од условите кои се однесуваат на фирмата, Управата пропишала услови, кои упатуваат на економскиот оператор, како аналитичар, програмер, администратор. Значи имаме услови за работниците, но не и за фирмата. Се фрла сомнеж дека однапред е планирано фирма без портфолио да го добие овој тендер“, нагласи Петрушевски.

Тој кажа дека „Новатек Инв“ била формирана на 11 декември минатата година, односно само три месеци пред да го добие тендерот.

Нејзиниот основач Љирим Фетаи, претходно работел во реномираната „ИТД Дистрибуција“.

„’ИТД Дистрибуција’ е капитално поврзана со ‘Инфософт Системс’, која добила од Управата за матични книги исто така тендер, еден ден по склучениот договор помеѓу Управата и ‘Новатек Инв’ и тоа во висина од 434.000 евра, исплатени на таа фирма за набавка на хардвер. Исто како и во случајот со ‘Новатек Инв’ и овде имало само еден понудувач“, рече пратеникот од опозициската партија, најавувајќи дека во текот на утрешниот ден ќе бидат изнесени нови податоци кои фрлаат уште поголем сомнеж за злоупотреба на народни пари.

Можете да прочитате

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути