Утрински Весник
Свет

(Видео) Папата Франциско: Светот е на патот на самоуништување

(Видео) Папата Франциско: Светот е на патот на самоуништување

Папата Франциско предупреди дека светот е на патот на самоуништување доколку политичките лидери не успеат храбро да ја искористат пандемијата на Ковид-19 како шанса да ја направат планетата поправедна и позелена.

Во видеопорака објавена на Светскиот ден на планетата Земја, папата Франциско рече дека политичките лидери имаат можност подобро да излезат од оваа ситуација по научените лекции за социјалните неправди откриени за време на пандемијата, пренесува АП.

„И глобалните катастрофи, ковидот и климата, покажуваат дека немаме време за губење. Времето нè притиска и, како што покажа Ковид-19, имаме средства да одговориме на предизвикот. Имаме средства. Време е за дејствување, ние сме на граница“, рече папата.

Тој додаде дека неволите со кои се соочи човештвото во пандемијата треба да ги охрабрат водачите да се стремат кон иновации и пронајдоци со цел подобро да ја заштитат планетата.

Тој апелираше до сите водачи на светот: да постапуваат смело, да дејствуваат чесно и секогаш да им ја кажуваат вистината на луѓето, за луѓето да знаат како да се заштитат од уништување на планетата и како да ја заштитат планетата од уништување што е иницирано многу пати.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија