Утрински Весник
Свет

(Видео) Белгискиот амбасадор се извини за сопругата која му залепи шлаканица на продавачот

(Видео) Белгискиот амбасадор се извини за сопругата која му залепи шлаканица на продавачот

Белгискиот амбасадор во Јужна Кореја се извини за „неприфатливата“ реакција на неговата сопруга за време на конфронтацијата со вработените во продавницата во Сеул кога таа му влепи шлаканица на продавачот.

Вработените сакале да ја проверат облеката во која сопругата на Питер Лекује, Сјанг Сјеку, излегла од продавницата, бидејќи истите модели се продаваат во нивната продавница, наведува „Би-би-си“.

Еден работник излегол по неа, а потоа сопругата на амбасадорот го следела вработениот назад во продавницата и, во конфликт снимен од безбедносните камери, очигледно турнала и му влепила шамар на друг вработен кој се обидел да интервенира.

Белгиската амбасада во Сеул соопшти дека Сјанг (63) моментално е во болница каде што закрепнува од мозочен удар што го претрпела во меѓувреме минатата недела.

Таа ќе соработува со полициската истрага за инцидентот што е можно поскоро, се додава во соопштението.

Инцидентот во продавницата се случил на 9 април.

Можете да прочитате

Нема Нобел, тогаш заборавете на мирот: Трамп со скандалозно писмо до норвешкиот премиер

Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан