Утрински Весник
Спорт

Англичаните ќе размислат за воведување на германскиот 50+1 систем во фудбалот

Англичаните ќе размислат за воведување на германскиот 50+1 систем во фудбалот

Британската влада размислува за воведување на моделот на сопственост 50+1, кој е во сила во Германија откако премиерот Борис Џонсон вети поголема грижа за фудбалските фанови по бесот по објавата на шесте премиерлигаши за формирање на Суперлигата, од која потоа веднаш се повлекоа.

Германската фудбалска федерација (ДФБ) не им дозволува на тимовите да се натпреваруваат во нивните организации доколку приватните инвеститори имаат повеќе од 49 отсто од акциите во клубот. Со овој 50+1 модел се осигурува фановите да го имаат мнозинството гласови во клубот и газдите немаат толку голема сила. Можеби поради ова, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд останаа настрана во проектот за Суперлигата.

Џонсон, пак, откри дека поранешниот министер за спорт, Трејси Крауч, ќе направи детаљна истрага за сопственичката структура и водењето на фудбалските клубови за зголемување на улогата на фановите.

Сегашниот британски министер за култура, медиуми и спорт, Оливер Дауден, потврди дека 50+1 системот е една од опциите.

„Нормално, мораме да научиме лекции од кризата во фудбалот за време на пандемијата на Ковид-19 и мора да има попостојан модел. На пример, во германските лиги имаат поинаква сопственичка структура и ќе го разгледаме тој модел. Ако се потребни закони, тие ќе се донесат“, вели Дауден.

> Англичаните ќе размислат за воведување на германскиот 50+1 систем во фудбалот <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина