Утрински Весник
Македонија

Нов состанок на македонските и бугарските историчари, на дневен ред Цар Самоил

Нов состанок на македонските и бугарските историчари, на дневен ред Цар Самоил

Заедничката македонско-бугарска историска комисија одржува онлајн сесија денес и утре, јавуваат бугарските медиуми.

Ова е втор состанок оваа година и 14-ти од формирањето на Комисијата по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во август 2017 година.

Вкупно 5 состаноци се очекува да се одржат оваа година. Поголемиот дел од изминатата година, Комисијата не работеше поради изборите во РС Македонија, кои се одржаа минатото лето, анализираат тамошните агенции.

Според информации од таму, на денешната средба, историчарите од двете страни уште еднаш разговараат за прашањето за Царот Самоил, за кое веќе се дискутираше на почетокот на работата на Комисијата. Враќањето во средниот век е доказ за недостаток на чекор напред во историските прашања, стои во извештаите на медиумите.

Новинар на БГНЕС потсетува дека пред околу две години, бугарските и македонските научници постигнаа делумен консензус за Цар Самоил, кој како што пишува новинарот, создал голема бугарска држава и бил наследник на бугарската кралска династија.

Можете да прочитате

Голема група социјалдемократи ќе бара промени во СДСМ вели Шилегов

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката