Утрински Весник
Македонија

Осомничен избегал од пред Кривичниот суд

Осомничен избегал од пред Кривичниот суд

Утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција ѝ избегало лице кое било спроведувано до судот за одржување судски процес.

За настанот потврдија и од Основниот кривичен суд од каде објаснуваат дека се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со криумчарење на мигранти.

„Се работи за настан кој се случил надвор од судот за што е задолжена затворската полција, а не во просториите на Основниот кривичен суд. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки“, информираат од судот.

Од таму исто така порачуваат повеќе информации поврзани со овој настан да се очекуваат од надлежната Казнено поправна установа и МВР.

Можете да прочитате

СДСМ: Обвинителот Ало Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

Запалена свеќа предизвика пожар во стан во Гази Баба

Мицкоски: На обвинителството коe смислува изговори, им велам дека трпението е при крај