Утрински Весник
Свет

Русија протера десет американски дипломати

Русија протера десет американски дипломати

Русија протера десет американски дипломати од Москва.

На заменик-шефот на мисијата во американската амбасада, Барт Горман, денеска му била врачена белешка со која десет вработени во американската амбасада во Москва се прогласени за персона нон грата.

Наводно им било наредено да ја напуштат Русија до 21 мај.

„Оваа мерка е одговор на непријателските постапки на САД кон голем број вработени во руската амбасада во Вашингтон и рускиот генерален конзулат во Њујорк, кои беа прогласени за персона нон грата без никакви основи“, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Можете да прочитате

Падна француската влада – парламентот ѝ изгласа недоверба

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот