Утрински Весник
Свет

Тројца починати откако биле вакцинирани со „астра зенека“ во Шри Ланка, добиле тромб

Тројца починати откако биле вакцинирани со „астра зенека“ во Шри Ланка, добиле тромб

Шри Ланка објави дека имаат шест случаи на згрутчување на крвта по вакцинирање со „астра зенека“, пренесува „Ројтерс“.

Три лица починаа по формирање на крвни згрутчувања, соопшти денеска министерката за здравство Павитра Ванијарачи.

Во Шри Ланка речиси милион луѓе ја примиле вакцината на „Астра зенека“, која се произведува во Индија.

„Ројтерс“ наведува дека властите во Шри Ланка не објавиле дека привремено ќе ја прекинат вакцинацијата.

Можете да прочитате

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли

Сенатот на САД со големо мнозинство изгласа нови санкции против Русија

Шпанија ѝ се закани на Италија со реципрочни мерки поради граничните контроли