Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украина не сака војна, но е подготвена за тоа

Зеленски: Украина не сака војна, но е подготвена за тоа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека голем број  руски трупи се сконцентрирани близу границите на Украина, поради што земјата, заедно со меѓународните партнери, бара нивно повлекување.

Во соопштение доставено од Владата на Украина се вели дека Зеленски порачал оти Украина не сака војна, но дека е подготвена за тоа.

„Дали Украина ќе престане да се бори за мир преку дипломатија? Никогаш. Дали Украина ќе се брани во секој случај? Секогаш. Ние сме народ што создава, а не народ што уништува. Не уништуваме други земји и народи. Но, тоа не значи дека ќе дозволиме да нè уништат. И сите сме подготвени да ја заштитиме нашата земја. Зашто друга демаме“, дециден е украинскиот претседател.

Зеленски изјави дека на неодамнешните состаноци на советниците на Норманската четворка и на подгрупата за безбедносни прашања се разговарало за продолжување на целосниот режим за прекин на огнот, но дека Русија одбила да ја поддржи заедничката изјава.

Можете да прочитате

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО