Утрински Весник
Свет

Грција ги отвора рестораните по Велигден, забрана за патување меѓу регионите

Грција ги отвора рестораните по Велигден, забрана за патување меѓу регионите

Грција ќе дозволи повторно отворање на рестораните на почетокот на следниот месец, изјави денеска грчкиот министер без ресор Јоргос Герапетритис.

„Нашата намера е да имаме координирано отворање на рестораните по Велигден“, изјави министерот за грчката телевизија ЕРТ. Грчкиот православен Велигден е в недела, на 2 мај.

Портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони потврди дека грчката влада планира да предложи продолжување на забраната за патување од регион во регион за време на велигденските празници.

„Ќе ја чекаме препораката на Комитетот. Ставот на владата е да не дозволува патување од регион во регион. Не смееме да ризикуваме пренесување на вирусот од области со високо ниво на зараза во области со ниско ниво на зараза”, рече Пелони во интервјуто за ТВ Скај.

Што се однесува до отворањето ресторани, кафулиња и барови, таа повтори дека владата и експертите разговараат за повторно отворање само на угостителски објекти со градини и на отворено, пренесува грчката агенција АНА.

Можете да прочитате

Објавено името и фотографија на убиениот маж што се обиде вооружен да влезе на имотот на Трамп во Флорида

Снегот принуди 500 патници да преноќат во авиони на аеродромот во Минхен

Виткоф: Трамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ под притисокот од САД